Протеински плочки со чоколадо и оризови снегулки

Од:

Совршена ужина која ќе ви обезбеди потребна енергија, лесно се подготвуваат и се превкусни …

Потребно е:
2,5 чаши (пд 250 мл) оризови снегулки
1/4 чаша мед
1/4 чаша путер од кикирики или чоколаден крем (Нутела)
1/4 чаша протеински прав
1/4 чаша какао во прав
прстофат сол
1/4 чаша бадемово или обично кравје млеко

Подготовка:
– Земете коцкаст калап за печење и обложете го со хартија за печење.

– Во голем сад измешајте ги сите состојки освен млекото, медот и утерот од кикирики или чоколадниот крем.

– Нив сипете ги во помал сад и ставете го на рингла на тивко само малку да се загреат и да се растопат. оставете да се изладат и прелијте ги над останатите состојки. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Добиената смеса сипете ја во калапот и убаво натапкајте ја со рака. Калапот ставете го во фрижидер и оставете да се стврднат.

– Извадете го од фрижидер, исечете го на плочки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска