Како да направите чинија полна со разновидни банана колачиња …
Потребно е:
2 чаши (од 250 мл) парчиња чоколадо
2 лажици масло
8 банани
1 кесичка цимет во прав
1/2 чаша мелени ореви
1/2 чаша издробен корнфлекс
1/2 чаша сецкани бадеми
1/2 чаша сушени брусници
1/2 чаша кокос
Подготовка:
– Во една голема тава ставете хартија за печење.
– Чоколадото растопете го со малку масло на средна температура. Оставете малку да се излади.
– Оревите, корнфлексот, бадемите, брусниците и кокосот ставете ги во посебни садови.
– Бананите излупете ги и исечете ги на подебели тркалца.
– Парчињата банани набоцкајте ги на вилушка или чепкалка за заби и потопете ги во растопено чоколадо, а потоа увалкајте ги во подготвените ореви, брусници, кокос или корнфлекс.
– Наредете ги во тавата и замрзнете ги два чата пред да ги послужите.
– Овие колачиња може да ги чувате во кеси за замрзнување во замрзнувач дури и две седмици.