Даниелсон во Скопје на средби со партиските лидери

Од:

Директорот на Директоратот за проширување и соседска политика при Европската комисија Кристијан Даниелсон од вчера е во Скопје на средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од Пржино.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Даниелсон синоќа се сретнал со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а претпладнево со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Тој денеска треба да се сретне и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА Никола Груевски и Мендух Тачи.

Се очекува на средбите да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за процесот на евроинтеграција и спроведувањето на реформите. Ова е втора посета на Даниелсон годинава. Тој на 5 април во Скопје  имаше средби со лидерската четворка, како и со претседателот на Владата Емил Димитриев.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска