Авион на јужнокорејската авиокомпанија „Кориан еар” се запали денеска на токискиот аеродром Ханеда. Над 300 патници кои беа во авионот се евакуирани и никој не е повреден, соопшти јапонската телевизија Ен Ејч Кеј, пренесува БТА.
Од објавените кадри се гледа дека гори еден од моторите на авионот, а пожарникари го облеваат со пена.
Патниците биле успешно евакуирани со четири гумени спасувачки слајдови. Инцидентот се случил кога авионот се подготвувал да полета за Сеул.
Јапонските сили на редот и спасувачките служби оваа недела се во состојба на максимална подготвеност поради тековниот самит на Г-7 и денешната посета на претседателот на САД Барак Обама на Хирошима.