(ВИДЕО) Лефковска до Телма: Имате ли совест и образ да ме погледнете во очи?

Од:

Остри осуди и критики од новинарите за раководството на Телма кое професионални новинари ги прогласува за технолошки вишок. Дел од нив и сами се огласија на социјалните мрежи прашувајќи што е нивната грешка па завршиле како технолошки вишок.

Јулијана Лефковска Пешевска позната на јавноста по долгогодишното известување од Собранието, па и како водител на вестите на Телма со црвениот телефон, исто се најде на листата технолошки вишок.

-Професионалната Телма ги прогласи професионалните новинари за технолошки вишок. Професионалната Телма остави дете оперирано од срце без здравствена заштита. Најтешката битка во животот ја добив, претстои друга. Имате ли совест и образ да ме погледнете во очи, најдете една дамка во мојата кариера! Животот е тркало, денес си горе, утре си доле, напиша новинарката Јулијана Лефковска Пешевска која се најде на листата новинари технолошки вишок во телевизијата.

Лефковска беше уредник 15 години во Телма, каде работи веќе 20 години. По доаѓањето на новото раководство таа продолжи како репортер кој секојдневно се јавуваше од политичките настани и зад неа има голема продукција на работа.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ