Феноменални плескавици од пилешко месо

Од:

Плескавици со богат вкус, вкусни и неодоливи …

Потребно е:
1/4 чаша ситно сецкана црвена пиперка
1/4 чаша ситно сецкана жолта пиперка
1/4 чаша ситно сецкан млад кромид
2 чешниња лук, ситно сецкани
сол, бибер
2 лажици маслиново масло
3 чаши сварено и ситно сецкано пилешко бело месо
2 јајца
1/3 чаша мајонез
1 лажица сок од лимон
1 лажица сенф
1 лажица сецкан свеж магдонос
1 лажиче естрагон
2 чаши лебни трошки

Подготовка:
– Во тава на рингла сипете го маслото, додадете ги сецканите пиперки, кромидот, сол, бибер и динстајте додека да омекнат. На крај додадете го и лукот и динстајте уште 1 минута.

– Пилешкото месо ситно исецкајте го и ставете го во еден подлабок сад. Додадете го зеленчукот, сите останати состојки и 1 чаша лебни трошки. Додадете зачини по потреба.

– Остатокот од лебните трошки ставете ги во една чинија.

– Од горната смеса обликувајте плескавици и увалкајте ги во лебните трошки. Подготвените плескавици ставете ги во фрижидер да стојат околу 30 минути и потоа испржете ги во добро загреана тава на малку масло по 3-4 минути од секоја страна.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска