Лазаревска за чистката во Телма: Кировски брише големи новинарски имиња

Од:

Без никакво образложение, раководството на Телма утрово прогласило 12 новинари за технолошки вишок, меѓу кои и значајни новинарски имиња како Емилија Лазаревска, Јулијана Пешевска, Соња Николовска, Томислав Османи, Панта Џамбазовски и други вработени од информативната, филмската, културната и забавната редакција на телевизијата.

Поранешната уредничка на Телма, која од утрово е прогласена за технолошки вишок, Емилија Лазаревска за А1он вели дека уредникот Атанас Кировски тоа го најавил уште од првиот ден, но поради тоа што во меѓувреме се случувале повеќе работи, како судски процеси со неа, Кирковски веројатно барал подобар начин како да направи „чистка“ во телевизијата, па го одбрал овој метод.

– Она што изненадува е тоа што на тој список се наоѓаат големи новинарски имиња кои 20 години го крепат идентитетот на Телма, а најстрашно е тоа што вели дека го презема овој чекор затоа што во првите три месеци од годинава имало најголема финансиска загуба од постоењето на телевизијата, вели Лазаровска.

Таа вели дека Кирковски од неговото доаѓање носи нови луѓе, што според нејзина проценка се движат помеѓу 30 и 50 нови вработени. Поради лошите услови за работа и меѓучовечки односи, вели Лазаревска, дел од стариот кадар на Телма си заминува затоа што не можеле да издржат повеќе.

– Мој заклучок е дека агендата со која тој дојде во Телма е да расчисти со сето она што значеше Телма во вистинска смисла на зборот. Ова е уште еден удар врз професионалното новинарство во Македонија, рече Лазаревска.

Синдикатот на вработените на Телма денеска очекува средба со раководството со цел да добие подетални информации, со што најверојатно ќе бараат кадрите на телевизијата да добијат друго работно место во Телма со цел да се искористи нивниот капацитет, бидејќи помеѓу тие кадри има новинари кои имаат само уште неколку години до пензија.

Дел од тие што се на списокот велат дека им е понудена истата работа сега, но за помалку пари.

Раководството неофицијално од минатата година најавуваше дека се подготвува нова систематизација на работни места, како и отпуштање на некои вработени за кои менаџментот оценуваше дека не ги исполнуваат работните задачи.

Според одлуката на менаџментот се работи за укинување работни места. Според сега објавените документи, станува збор за 12 вработени од повеќе сектори, седум од нив се членови на синдикатот, се дознава неофицијално од Синдикатот на Телма кој не бил консултиран за оваа одлука, иако постои законска обврска така да постапи.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on