Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров изјави дека акциите на терористите во ’90-те години од минатиот век биле обид на странските разузнавачки служби да ја ослабнат Русија и да ја фрлат на колена.
– Авторите на тие сценарија денес преку терористите ги реализираат своите планови и во други земји, како што се Сирија, Либија, Украина и Ирак, рече Кадиров на Седмата меѓународна конференција за безбедноста во Грозни.
Тој истакна дека некои од тие држави постојат само на хартија и фактички го загубиле својот суверенитет.
Кадиров изјави дека е докажано оти во конфликтот во Чеченија учествувале безбедносни служби на многу држави.