СДСМ Битола: Битолските училишта „до гуша“ во долгови

Од:

„Денес СДСМ го започнува серијалот на пресконференции со кои сакаме да ги информираме граѓаните за состојбите на образованието во Битола.

– Училиштата во општината Битола се во катастрофално лоша финансиска состојба, каква што досега не се памети. Сметките се блокирани, а директорите наликуваат на стечајни управници.

Во врвот на должниците се и двете гимназии „Јосип Броз Тито“ и „Таки Даскало“ чии долгови се карактеризираат со милионски суми. Со цел битолската јавност да добие јасен одговор го прашуваме градоначалникот Владимир Талески дали е точно дека гимназијата „Јосип Броз Тито“ должи:

2.000.000 денари за греење,
430.000 денари за вода,
250.000 денари за струја,
7.000 денари за телефон и
72.000 денари за нискоградба

Или вкупно 2.759.000 денари.

Ако е за утеха, нешто помал е долгот на средното училиште „Таки Даскало“, па градоначалникот го прашуваме дали ова училиште:

за греење должи 2.200.000 денари;
за вода 313.000 денари;
За струја 130.000 денари;
За телефон 10.000 денари и за
Нискоградба 60.000 денари;

Или вкупно 2.713.000 денари.

– Со вакви долгови училиштата не можат да ги обезбедат ни основните услови за работа, а живееме во 21-от век.

– Професорите, учениците и нивните родители, а и воопшто битолчани, имаат право да знаат и затоа го прозиваме градоначалникот Талески и неговата партија, која за директори во јавните битолски претпријатија има високи кадри во ДПМНЕ, а чии должници се училиштата, да одговори:

– Зошто дозволи да се натрупаат вакви астрономски долгови во образованието, а во овие 8 години потроши над 200 милиони евра буџетски пари?

– И како и кога мисли да истите да ги врати“, изјави Бети Наумовска, претседател на комисија за образование.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана