Интересен жирафа ролат

Од:

Лесен, кремаст и освежителен десерт …

Потребно е:
за основната смеса:
3 жолчки
15 гр шеќер
60 мл вода
40 мл масло
75 гр брашно
1 ванилин шеќер

за додаток 1 на основната смеса:
3 белки
50 гр шеќер
неколку капки сок од лимон

за додаток 2 на основната смеса:
2 лажичиња какао во прав
1/2 лажиче чоколадо во прав
1 лажиче млеко

за смесата за шарање:
1 белка
2 лажичиња шеќер
1 лажиче брашно
2 лажици од основната смеса

 

за филот:
100 мл течен шлаг
100 гр џем од боровинки (или по желба)

Подготовка:
– Прво подгответе ја основната смеса. Во еден сад изматете ги жолчките и шеќерот, додадете ги водата и маслото и матете додека да добиете хомогена смеса.

– Додадете ги брашното и ванилиниот шеќер и мешајте додека да се соединат сите состојки. Во еден сад одвоите две лажици од оваа смеса и ставете ги на страна.

– Преминете на подготовка на додатокот 1. Во цврст шлаг изматете ги 3-те белки со малку лимон, додадете го шеќерот и матете додека да добиете цврста смеса.

– Земете 1/4 од оваа смеса и додадете ја во основната смеса. Измешајте. Потоа постепено додадете уште 1/4 и измешајте, па исто вака додадете го целиот додаток 1 во основната смеса.

– Во основната смеса додадете ги и состојките од додаток 2 само претходно растопете го чоколадото во прав со малку топло млеко. Убаво измешајте.

– Преминете на подготовка на смесата за шарање. Изматете ја белката со шеќер, додадете го брашното и 2 лажици од основната смеса, кои претходно ги тргнавте на страна. Убаво измешајте и сипете ја оваа смеса во пластична кеса. Исечете го едниот крај од кесата и со помош на овој импровизиран шприц ќе ги правите шарите.

– Шарите исцртајте ги на хартија за печење како на сликата. Хартијата ставете ја во намастена тава за печење (со нацртаните шари према доле) и повторно премачкајте ја масло одозгора.

Интересен жирафа ролат1

– Направете бели шари со смесата во кесата точно на исцртаните делови. Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени само 1 минута.

– Извадете ја тавата од рерна, па над печените шари прелијте ја смесаа која ја добивте со мешање на основната смеса, додатокот 1 и додатокот 2).

– Зголемете ја температурата на рерната на 190 степени и ипечете ја кората 10-15 минути. Извадете ја од рерна и кората извадете ја внимателно од тавата и оставете да се излади (не ја вадете хартијата за печење).

– Додека се лади кората подгответе го филот. Изматете го шлагот. Кората премачкајте ја со џемот и одозгора со шлагот.

– Внимателно замотајте го тролатот и постепено вадете ја хартијата за печење од кората.

– Добиениот ролат замотајте го повторно во нова хартија за печење и ставете го во фрижидер да се стегне најмалку 4 часа пред да го исечете и послужите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска