Џулбастии

Од:

Многу вкусно ориентално јадење …

Потребно е:
500 гр мелено јунешко месо
400 гр компири
3 помали главици кромид
2 чешниња лук
2 лажици брашно
1 јајце
сол и бибер, по вкус
мелен сув зачин

за бешамелот:
малку путер
2-3 лажици брашно
500 мл млеко
200 мл павлака за готвење
малку сол и бибер
малку рендан пармезан

Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го. Компирите изрендајте ги на крупно ренде, а лукот на ситно.

– Сите состојки додадете ги во меленото месо и измешајте. Во смесата додадете 1 јајце, 2 лажици брашно, сол, бибер и мелен сув зачин и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Со рака земајте парчиња од смесата и обликувајте мали плескавици. Плескавиците испржете ги на врело масло.

– Испржените џулбастии наредете една до друга ги во огноотпорен сад.

– Преминете на подготовка на бешамел сосот. Во маслото во кое ги пржевте џулбастиите ставете една коцка путер и оставете да се растопи.

– Додадете 2-3 полни лажици брашно и пропржете го со постојано мешање. Постепено додавајте го млекото со постојано мешање. На крај додадете павлаката за готвење и сол и бибер, по вкус.

– Во готовиот бешамел ставете и малку рендан пармезан и убаво измешајте.

– Џулбастиите прелијте ги со подготвениот бешамел и садот п окријте го со алуминиумска фолија.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 30 минути. Потоа тргнете ја фолијата и допечете ги уште 15-тина минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска