Во Франција и Германија економскиот раст во третиот квардат оваа година, е 0.2%, соопштија статистичките агенции на двете држави.
Во Германија тоа е побавен раст отколку во првата половина на годината, а во Франција ова е првиот забележен пораст по една година.
Во претходните два квартала, забележана е стагнација на бруто домашниот производ во Франција, а тоа е првично кажано и за второто томесечје оваа година. Но, денеска се соопштени новите податоци.
Германската економија од јули до септември забележала помал раст отколку во претходните тромесечја, соопшти Федералната канцеларија за статистика.
Во првиот квартал оваа година, забележан е раст од 0.5%, а во вториот од 0.3%. Растот од 0.2% во третиот е сепак поголем од очекуваниот 0.1%.