Јолевски и Адамантиос на средба кај Нимиц

Од:

Метју Нимиц, посредникот за спорот со името меѓу Македонија и Грција  ги покани преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк на 19 и 20 ноември.

Од канцеларијата на портпаролот на Секретарот на Обединетите нации, информираат дека двете страни ја прифатиле поканата. Предвидено е Нимиц да се сретне со секој од двајцата преговарачи одделно,  по што ќе следи заедничка средба со цел да се процени статусот на разговорите.

Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц на почетокот на месецов истакна дека натаму верува оти ако се направи обид на лидерствата во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски