(ВИДЕО) Дуковски: Не ни е доставено вештачењето, никому не му е грижа што луѓето се во притвор

Од:

Судењето за Здравко Савевски и Владимир Куновски е одложено од две причини, порати тоа што предметот физички не беше присутен кај судијата и поради тоа што јавното обвинителство до денешен ден не ни го има доставено одамна изготвеното вештачење, рече по судењето адвокатот Сашо Дуковски.

– Во неколку други странки вештачењето е веќе доставено, ние немаме доставено вештачење со едно генерално образложение од народниот правобранител дека друг го водел предметот, па ќе се обиделе да направат напори за да го достават, а тоа што луѓето се наоѓаат во притвор веројатно никого не загрижува што е лоша појава, рече Дуковски.

Според него, Апелација има неколку можности, да ја одбие жалбата на барањето, да го потврди првостепеното решение, да го преиначи решението во еден или во друг правец, или да го укине и да го врати на повторно одлучување.

– Тоа се брзи одлуки и во текот на наредната недела ќе ја знаеме одлуката, рече Дуковски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он