ВИДЕО: Судењето на членовите на Левица повторно одложено

Од:

Судењето за членовите на Левица, Владимир Куновски и Здравко Савевски е повторно одложено за 31 мај поради тоа што судијката која го води случајот го нема предметот, кој пак е заглавен во Судот за апелација поради решението судијата да им определи домашен, а не ефективен притвор на осомничените.

Според адвокатот на обвинетите, уште една причина за одложување е и тоа што одамна изготвеното вештачење не е доставено до нив.

Членовите на Левица беа обвинети за кршење на стаклата на канцеларијата на Ѓорѓе Иванов во првите денови на протестите на „Шарената револуција“, по што им беше одреден домашен притвор.

Бидејќи притворот истекува на 25-ти мај, а судењето е закажано за 31-ви, притворот најверојатно ќе продолжен.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа