Како да го искористите стариот леб …
Потребно е:
125 гр моцарела сирење
10 кришки бел леб
100 мл млеко
1 јајце
3 полни лажици брашно
сол, бибер
сув босилек
Подготовка:
– Извадете ја корката на кришките леб. Моцарелата исечете ја на листови, а потоа на ленти. Малку посипете ја со сол и бибер.
– Во една длабока чинија сипете млеко, во втора брашно и во трета изматете го јајцето и посипете со сол, бибер и сув босилек.
– На 5 кришки леб по средината распоредете го моцарела сирењето. Поклопете ги со преостанатите 5 кришки и убаво притиснете ги на краевите.
– Вака подготвените кришки леб потопете ги прво во млеко, потоа увалкајте ги во брашно и на крај во разматеното јајце.
– Ставете да се пржат во врело масло од двете страни додека да добијат убава златно-кафена боја.
– Пржениците ставете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија и послужете ги.