Дијамантот „Син Опенхајмер“ продаден за рекордни 57,6 милиони долари

Од:

Дијамантот „Син Опенхајмер“ беше продаден синоќа на аукција во Женева за рекордни 56,837 милиони швајцарски франци (57,6 милиони долари), соопшти организаторот на аукцијата, британската аукциска куќа „Кристис“.

Претходниот рекорд од 48,6 милиони долари го држеше дијамантот „Сина месечина“ и тој беше продаден во ноември минатата година.

Новиот рекордер тежи 14,62 карати. Тој бил сопственост на сер Филип Опенхајмер, кој ја раководел компанијата „Дајамонд синдикат“.

Пред аукцијата дијамантот беше проценет на 38 милиони до 45 милиони долари.

Аукцијата почна со цена од 30 милиони швајцарски франци, а постепено таа се претвори во драматичен дуел преку телефон меѓу двајца потенцијални купувачи, кој траеше 20 минути.

Идентитетот на купувачот досега не е објавен.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска