Над 150 затрупани при две свлечишта во Шри Ланка

Од:

Најмалку 150 лица веројатно ги загубиле своите животи, откако останаа затрупани под одрони на земјиште предизвикани од две свлечишта во централните делови на Шри Ланка, до кои дојде по три дена поројни дождови.

Според податоци на локалната служба за справување со вонредни состојби, спасувачките екипи досега во одронетото земјште успеале да пронајдат безживотни тела на 35 лица.

Поради свлечиштата и поројните дождови, властите во тој дел на Шри Ланка евакуираа над 196.000 лица.

Најтешка е состојбата во реонот на градот Аранајака, на 100 километри североистоно од Коломбо, каде свлечиштата срамнија со земја и затрупаа три села.

Претставник на Црвениот крст на Шри Ланка, Невил Нанајакара, кој се наоѓа во погодените подрачја, во изјава за локалните медиуми изрази стравување дека конечниот биланс на жртвите ќе биде многу поголем од досега официјално соопштните бројки.

Според него, при елементраната непогода животите најверојатно ги загубиле меѓу 300 и 400 луѓе.

Во меѓувреме, властите соопштија дека воени хеликоптери усепале да евакуираат над 200 лица, кои останале блокирани во северозападниот крајбрежен регион Путалам.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска