СДСМ: Медиумските курири, асоцијации и здруженија под контрола на Груевски шират говор на омраза

Од:

„Медиумските курири, асоцијациите и здруженијата под контрола на Никола Груевски се единствените коишто шират говор на омраза, им се закануваат на новинарите и вршат притисоци.

Таквите асоцијации и здруженија јавно се радуваа кога новинари беа приведувани, молчеа кога се испраќаа венци пред домовите на новинарите, кога се притвораа новинари без основа, кога се отпушаа од работа…

Медиумските курири и здруженијата под контрола на Груевски ги следат „политиките“ на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години, со константни поделби, навреди, притисоци и закани кон новинари, медиумски работници и цели медиумски куќи.

Тоа е една од причините што во Македонија владее медиумски мрак. Тоа е една од причините зошто нема слобода на медиумите. Зошто земјава континуирано бележи пад на листитите на релевантните меѓународните институции, кога е слободата на медиумите во прашање.

И последениот извештај на релевантната Фридом Хаус и официјално потврди дека медиумите во Македонија не се слободни.

Извештајот наведува дека тоа е поради масовното прислушување на новинарите, корумпираните врски помеѓу високи функционери и сопственици на медиуми, како и зголемување на закани и напади врз медиумските работници.

Накратко, резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак, платен со пари на граѓаните.

Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности.

По демократските промени, во слободна Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

Правото медиумите и новинарите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок, ќе биде обезбедено“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело