Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска предавање ќе одржат руските археолози Андреј Мазуркович и Екатерина Долбунова, гости од музејот Ермитаж од Санкт Петербург.
Со нивното предавање завршува меѓународниот научен собир за предисторија, кој во организација на Центарот за изучување на предисторијата се одржува од 11 мај секој ден во музеите во Скопје, Битола и Охрид, преку предавања, работилници и презентации на археолози од разни земји.
– Археолозите од Русија ќе говорат за неолитот помеѓу седмиот и третиот милениум п.н.е. Со бесплатната музејска тура за странските гости и со овој настан НУ Археолошки музеј го одбележува Меѓународниот ден на музеите, а воедно им го честита денот на сите музеолози, соопшти Археолошкиот музеј.