СДСМ: АВМУ призна вина, реформи во медиумскиот простор се неопходни

Од:

„СДСМ предупредува дека телевизиите под контрола на Груевски, националниот сервис МРТВ и приватните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа продолжуваат да известуваат непрофесионално, необјективно и пристрасно.

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги конечно го призна тоа на што со години укажуваат Социјалдемократскиот сојуз и новинарските домашни и меѓународни здруженија и организации, ЕУ, експертската група на Прибе, ОБСЕ/ОДИХР:

“Продолжува непочитувањето на професионалните стандарди, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните, со употреби на најгруб говор, навреди и клевети надвор од дозволените граници на демократска дебата“.

Оваа признание на АВМУ пред 4 дена доаѓа по дури 4 годишен молк на Агенцијата којашто дозволи телевизиите здружени со власта недозволиво да ги лажат граѓаните и да креираат непостоечка реалност, а Македонија од светските организации да биде ставена на дното по медиумски слободи.

Ова е уште една причина зошто се неопходни реформи во медиумскиот простор“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски