СДСМ: Медиумските курири нема да го спасат Груевски од одговорност

Од:

„Медиумските курири продолжуваат да шират пропаганда платена со парите на граѓаните само со една цела – да се сокрие вистината од јавноста и да се заштитат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Плашејќи се од вистината и враќањето на правдата, медиумските курири не пренесоа ниту еден збор од вчерашниот став на Европската комисија дека нема минимални услови за веродостојни избори на 5-ти јуни.

Медиумските курири патолошки шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината која на крајот сепак ќе победи.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести преку кои граѓаните бараат промени и враќање на правдата, слободата и демократијата.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Јасно е, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Во Македонија може да има и ќе има само слободни, фер, демократски и регуларни избори, со исполнување на сите услови“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски