Оперската претстава „Риголето“ во МОБ

Од:

Оперската претстава „Риголето“ на прославениот Џузепе Верди ќе биде изведена вечер во Македонската опера и балет, во рамки на 44. Мајски оперски вечери.

„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето се базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Риголето:  Карлос Алмагер Вилалобос (Мексико), Џилда ќе ја толкува Зана Абази-Рамадани (Косово), Војводата од Мантова Михаил Михајлов (Бугарија), Спарафучил: Владимир Саздовски, Мадалена: Вишња Радосав (Србија), во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Васко Здравков, Диме Петров, Билјана Јосифов,  Кристијан Антовски,  Дарко Нешовски,  Ана Ројдева-Талевска, Десанка Глигоријевиќ и Невен Силјановски.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Марчано.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет