Бачев: ДИК скандалозно ги одби кандидатските листи на НДМ

Од:

По одлуката на Државната изборена комисија (ДИК) да ја отфрли кандидатската листа на Народното движење за Македонија (НДМ), реагираше неговиот лидер Јанко Бачев.

Тој посочи дека одлуката на ДИК е со политичка позадина, а не од правна природа. Бачев најави прес конференција на која ќе ги објави документите.

„Народно движење за Македонија ќе одржи прес конференција на која ќе сподели со јавноста документи за скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на НДМ спротивно од Изборниот законик, односно, не од правни причини, туку од сосема други причини“, стои во најавата од НДМ.

Инаку, листи до рокот доставија ВМРО-ДПМНЕ, НДМ и СДПМ, по што СДПМ се откажа, а НДМ, според ДИК не ги отстрани неправилностите во листите во дадениот рок, па беше отфрлена од изборниот натпревар.

Би можело да ве интересира

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски