Револт поради десетминутниот огномет во Скопје

Од:

Многу граѓани, посебно жителите на Карпош беа вознемирени и револтирани од вечерашниот силен огномет кој се слушаше во цело Скопје.

Причината според граѓаните кои пишуваат на социјалните мрежи е отворањето на нова централа на една банка во населбата Карпош.

Вечерва, беа затворени две улици во Карпош поради отворање на новата централа на банката, со образложение дека биле поканети битни гости од политиката, а неколку минути подоцна почна десетминутниот огномент кој ги вознемири граѓаните.

Останува нејасно зошто жителите на Скопје се должни да ги трпат приватните или бизнис журки и со кое право се затвораат улиците затоа што некој политичар требало да оди на отворањето на банката?

Политичарите се тука да им служат на граѓаните, а не како во некое афричко општество да си додаваат права кои не им припаѓаат и не може понатаму да се толерираат.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Жена е повредена од огномет на концерт

Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

Тони Стојановски нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески