Прекршочни за телевизиите Алфа, Канал 5 и Сител од Агенцијата за медиуми

Од:

Во извештајот од мониторингот на медиумското претставување во вестите по распишување на изборите во периодот од 25 април до 4 мај, Агенцијата за медиуми констатира дека телевизиите Алфа, Канал 5 и Сител известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ.

За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки, се вели во соопштението оттаму.

„Агенцијата предупредува дека продолжува непочитувањето на професионалните стандарди и програмски начела, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните и еднаков третман на различни гледишта, за почитување на човечкото достоинство и за поттикнување на духот на толеранцијата. Првиот извештај за интервјуата, дебатите и другите информативни програми за период од 15 април до 4 мај покажаа дека во некои информативни програми има појава на најгруб говор, навреди и клевети кои се надвор од дозволените граници на демократска дебата“, велат од Агенцијата за медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март