СДСМ: Фобични нарачки на лажниот патриот Груевски

Од:

„Македонија е на нозе! Без разлика на политичка, верска или етничка припадност, граѓаните на Македонија се на улиците за враќање на правдата, слободата, демократијата.

Правдата ќе го стигне секој што го прекршил законот. Тоа криминалното друштво на Никола Груевски многу добро го знае.

Оттука е нервозата, стравот и измислените сценарија што по нарачка на Никола Груевски ги пласираат медиумските курири, платени со пари на граѓаните.

Стравот од соочување со одговорноста за криминалот Никола Груевски сака да го прикрие со фобични нарачки на медиумските курири за измислување на непостоечки сценарија.

Дестабилизирачки фактор во државата е Никола Груевски и неговото друштво.

Длабоката политичка и државна криза во земјава ја создаде Никола Груевски со криминални избори, брутална злоупотреба на власта и невиден грабеж на парите граѓаните. Токму Груевски дополнително ја продлабочи кризата со нарачаните аболиции од Горге Иванов, спротивни на закон и устав.

Никола Груевски не може да ги лаже граѓаните измислувајќи некакви непостоечки сценарија.

Граѓаните знаат, вистината за лажниот патриот Никола Груевски проби како шило на 16-ти мај 2015 година преку Вистината за Македонија.

Токму Никола Груевски, со братучедот Сашо Мијалков и нивниот бизнис партнер Манолис од Грција, задкулисно се пазареле со уставното име на Македонија а разговарале и за идентитетските прашања.

Случувањата во Диво Насеље во Куманово и информациите во медиумите за директна вмешаност на високи финкционери на власта е уште една потврда за лажниот патриотизам на штета на Република Македонија.

Граѓаните знаат. Демократска Македонија, предводена од Зоран Заев, ќе го врати спокојот, мирот и единството кај сите граѓани во Република Македонија.

СДСМ гради единствена, унитарна Македонија, едно општество за сите. СДСМ гради општество на рамноправни граѓани коишто ќе живеат во сигурна и праведна држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски