Белгија од 1. јули ќе почне со воздушни напади врз ИД во Сирија

Од:

Шест белгиски авиони Ф-16 од 1. јули ќе учествуваат во воздушните напади на меѓународната коалиција врз цели на Исламска држава во Сирија.

Белгиската Влада денеска донесе одлука за учество во меѓународната коалиција врз член 51 од Повелбата на Обединети нации за „легитимна заедничка заштита“.

Белгиските авиони-ловци ќе полетуваат од базата во Јордан и ќе влегуваат во сирискиот воздушен простор од исток-североисток, за да бидат избегнати инциденти со сириските и руските воени авиони.

Белгиските воени авиони се приклучуваат кон меѓународната коалиција на покана на САД, а не на сириските власти.

Со истата владина одлука се проширува и територијалното присуство на белгиските војници во Ирак, кои ги обучуваат локалните безбедносни сили.

За терористичките напади од 22 март во Брисел одговорност презеде ИД, инсистирајќи Белгија да престане со дејствијата против терористичката група на нејзин терен. Белгија учествуваше во меѓународната коалиција против џихадистите, но одлучи да се повлече од меѓународната антитерористичка коалиција со образложение дека нема буџет.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка