За припадниците на ЛГБТ заедницата најлесно е во Белгија

Од:

Организацијата „Реинбоу Јуроп“ (Rainbow Europe) објави мапа и индекс кои покажуваат кои земји во Европа се најдобри, а кои најлоши за живот на ЛГБТ популацијата.

На врвот на оваа листа е Малта, а веднаш зад неа се Белгија и Велика Британија, додека на дното е Азербејџан, во друштво на Русија и Ерменија, покажува ИЛГА Јуроп реинбоу индексот.

На оваа листа Македонија се наоѓа на 39. место, каде 17,55 отсто се почитуваат правата на ЛГБТ заедницата. Од вкупно 49 позиции, од регионот, Хрватска е на 10. место, Грција на 15., Црна Гора на 20., Албанија на 22 место, Србија на 25., Словенија на 27, Косово на 29., Босна и Херцеговина на 31 и Бугарија на 33 место.

При составувањето на листата, користени се индикаторите како што се еднаквост, семејни права, говор на омраза кон оваа заедница, слобода на изразување и права на азил по овој основ.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on