Обединување и унапредување на трговскиот сектор е целта на 2-от Самит за стока за широка потрошувачка FMCG што ќе се одржи денеска во Скопје.
Претставници на фирми од трговскиот сектор ќе дискутираат на повеќе теми: лидерство, менаџмент со категории, преговарање и продажба, промоции и приватни трговски марки.
Самитот е во организација на Регионалниот магазин за трговија со стока за широка потрошувачка InStorе, заокружување на тематските конференции што се одржуваат секој месец.