Државната изборна комисија денеска на седница ги потврди кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа за изборните единици 1, 2, 3 4, 5, 6 и седмата изборна единица.
Членовите на комисијата констатираа дека листите не содржат неправилности.
На седницата не присуствуваа членовите предложени од опозициската СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.
Во однос на кандидатските листи поднесени од страна на НДМ на Јанко Бачев за шест изборни единици и на СДПМ на Бранко Јаневски констатирани се различни неправилности. ДИК ги повика нивните овластени претставници Гоце Дечев Тодев и Лилјана Ивановска во рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите.
Кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 5 јуни во законски предвидениот рок не поднесоа СДСМ, ДУИ и ДПА.