Македонски тим во борба за главна награда на НАСА

Од:

Македонскиот тим Авис е единствен од регионот што се пласира на глобалниот натпревар „Спејс апс челинџ“ на НАСА во категоријата „Избор на публиката“ и со своето иновативно решение се најде помеѓу најдобрите 25 тимови на светско ниво.

Тимот е составен од тројца средношколци и еден студент. Нивниот проект се состои од апликација, наменета за обичните корисници на дронови да можат полесно да управуваат со своите летала, да не ги прекршат правилата за летање на конкретната територија и да се доведат во незгода.

Како што се наведува во соопштението на тимот, доколку победат тие ќе има можност да го развиваат својот проект во рамки на Европската програма за акцелерирање подготвена во соработка со НАСА и комерцијални компании од вселенската индустрија од САД и Велика Британија.

Гласањето е отворено до недела, а за да победат и да присуствуваат на лансирање на ракета во „Кенеди спејс центарот“ на НАСА можете да гласате тука.

Во следните две недели ќе бидат објавени и резултатите за другите два тима победници од Македонија „Солар џамп џет“ и „Спејс манкис“ кои се победници во категориите најинспиративно решение и најдобар концепт за мисија за кои ќе нема можност за јавно гласање и судиите од NASA ќе го имаат последниот збор.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Над 3.000 лица од државава ги испратиле своите имиња за мисијата „Марс 2020“

НАСА: Најтоплиот месец некогаш забележан, ќе биде уште потопло

Предраг Петровиќ

Македонци ќе се натпреваруваат за глобалната награда на НАСА

Ана Ололовска