Слики на Франсис Бејкон и Сај Туомбли продадени за над 71 милиони долари

Од:

Автопортрет на Франсис Бејкон и слика на Сај Туомбли беа продадени за повеќе од 71 милиони долари на аукцијата која беше организриана од „Сотби“ во Њујорк, јавува БТА.

Сликата на Бејкон, која не била дадена на аукција 46 години, беше продадена за 34,97 милиони долари. Диптихот „Две студии за автопортрет“ на Франсис Бејкон (1909-1992 г.) е исклучително дело, еден од трите автопортрети на Бејкон. Делото е создадено во 1977 година, во годините по смртта на неговиот љубовник Џорџ Даер, кога Бејкон се свртел кон портретирање на темната страна на својата психа.

Сликата на Туомбли „Без наслов“ достигна цена од 36,7 милиони долари. Делото од серијата „Црна табла“ претставува сини контури на сива позадина.

Создадено во 1961 година, делото било закупено директно од авторот и од тогаш го нема променото својот сопственик.

На аукцијата беа дадени уште 44 производи на модерната уметност.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска