ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи, СДСМ, ДУИ и ДПА не одат на избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија (ДИК) синоќа поднесе листи со имиња на кандидати за пратеници, за предвремените парламентарни избори закажани на 5-ти јуни. Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.

Листите со имињата на кандидатите во ДИК ги поднесоа претставници на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е носител во првата изборна единица, во втората министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во третата координаторот на пратеничката група, Илија Димовски. Носител на листата во четвртата изборна единица е министерот за здравство, Никола Тодоров, во петтата Антонио Милошоски, а пратеникот Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.

Како што изјави претседателот на УМС, Владимир Неловски,  според ВМРО-ДПМНЕ, исполнети се сите услови за фер и демократски избори.

До ДИК вчера листи со кандидати поднеле и партијата Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев  и Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски.

Според Роковникот за извршување изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни,  синоќа на полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

По добивањето на листите, ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа