СДСМ: Никола Груевски ќе има долго време да вежба шах!

Од:

„Криминалец како што е Никола Груевски, аболициран од страна на нелегитимниот Горге Иванов, не може никого да матира.

Правдата ќе победи а со тоа и цела Македонија. Криминалната банда на чело со Никола Груевски ќе одговара согласно законите и пред граѓаните.

Очигледно и на Никола Груевски и на медиумските курири опцијата шах им се свртела мислејќи на казната што ги следува, олицетворена преку затворот „Идризово“.

Оттука, Груевски евентуално може да размислува како ќе ги матира своите поранешни и актуелни министри од криминалната банда кои ќе му прават друштво.

Навикнат да игра шах со половина украдени фигури, Никола Груевски ќе има време да вежба шах бидејќи долг престој го чека таму.

Претседателот на СДСМ, лидерот на демократска Македонија, е во служба на граѓаните и ќе ја превземе одговорноста за иднината на државата а не власта.

А кога Зоран Заев ќе биде премиер на слободна Македонија, во интерес на граѓаните, криминалците нема да бидат на власт туку на соодветно место за нив.

Поздрав од демократска Македонија“, ова е одговорот на СДСМ, на изјавата на Груевски на Сител

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел