Снимателот од пред МРТ, кога не снима за ББС, снима за полицијата

Од:

Снимателот кој синоќа од блиску ги снимаше демонстрантите, но и новинарите и снимателите на медиумите, сепак е припадник на Единицата за брзо распоредување во МВР.

Постои фотографија на која снимателот од синоќа наликува на човекот кој со оваа единица на МВР пред десетина дена ги снимаше демонстраците пред зградата на Нова Македонија.

Тој синоќа кажа дека снимал за Ал Џезеира и ББС, по што веднаш беше јасно дека не ја зборува вистината. ЕБР е под контрола на заменскиот министер Митко Чавков кој се закануваше дека ќе снима и ќе поднесува пријави.

Меѓутоа, во последниве денови снимките им беа неуспешни поради досетливост на демонстрантите, со што се наметна потреба од блиску да снимаат, па почнаа да пуштаат сниматели меѓу демонстрантите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он