Провокација од Ленс Армстронг

Од:

Ленс Армстронг на својот Твитер профил објави фотографија на која се наоѓаат седумте жолти маички од Тур ‘Д Франс.

Американската анти-допинг агенција (USADA) го осуди тексашкиот велосипедист за континуирано користење на допинг во текот на неговата славна кариера.

Иако Армстронг никогаш не бил позитивен на допинг тестовите, USADA го прогласи за виновен преку факти изнесени на илјада страници, каде што се наоѓаат и изјави на поранешни тимски колеги на Ленс кои биле блиски со него во текот на неговата кариера.

USADA доживотно го суспендираше Ленс Армстронг и му ги одзеде титулите од Тур ‘Д Франс освоени од 1999-тата до 2005-тата година, а ваквата одлука ја потврди асоцијацијата на велосипедисти.

На фотографијата, Армстронг се одмора покрај своите жолти маички кои ги добива победникот на најпрестижната велосипедска трка во светот.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски