Се повеќе жители на градовите ја прифаќаат понудата да се преселат на село

Од:

Јонхап – Сеул

Четириесет и шест годишниот службеник Сео Коо-бон од Сеул сонува да започне нов живот на село, со надеж дека ќе си обезбеди нова животна кариера и дека ќе им обезбеди на децата поздрава животна средина.

– Имам две мали деца. За да ги издржувам, сакам да најдам работа во земјоделието кое вообичаено е подолготрајно од мојата сегашна работа, вели Сео. „Се уште немам детален план, но сум подготвен да го направам тоа“.

Сео е еден од неколкуте стотици посетители на „Саемот Ипслион фармерство 2016“, каде неодамна беше поставен изложбен простор во Т-центарот во јужен Сеул, каде учествуваа и агенцијата Јонхап, најголемиот медиумски сервис во Јужна Кореја, и министерството за земјоделие. Изложбата која беше организирана под наслов „Фраќање во кон земјата заради иднината, враќање кон селото заради среќа“, службени лица и земјоделци од 75 провиннциски и локални влади им ги промовираа предностите на своите земјоделски заедници на Сео и на други жители на Сеул кои размислуваат да се преселат на село.

Локалните влади низ целата земја излегоа со разни понуди и политики за да привлечат што е можно повеќе граѓани од градовите, во момент кога руралните заедници страдаат од пад на бројот на населението.

Додека се повеќе земјоделци стареат, и провинциските економии исто се соочуваат со тешкотии во одржување на својот раст. Според информации кои ги собра министерството за земјоделство, храна и рурални прашања, бројот на руралното население на возраст од 14 години и помлади во 2013 година паднал на 213,000, што е огромен пад од оние 6,27 милиони кои биле забележани во 1970 година.

И вкупниот број на Јужнокорејци кои живеат на фарми исто паднал на 2,84 милиони за истиот период, од 14,4 милиони, стои во овие информации.

Додека руралното население се селеше кон градоците заради индустрискиот развој во четвртата по големина азиска економија во изминатата деценија, Јужна Кореја во изминатите неколку години сепак доживува подем на оние кои се враќаат на село, што е сигнал на надеж за регионалните економии.

Се поголем број Јужнокорејци се враќаат на фармите. Според податоци кои ги собра Бирото за статистика на Јужна Кореја, бројот на домаќинства кои отишле од градовите кон руралните области во 2014 г. достигнал 44,586, што е пораст од 37,5 проценти во однос на претходната година.

Оние кои ја следат индустријата велат дека трендот на враќање кон фармерството започнал во 90-ите години од минатиот век. Тогаш жителите на градовите биле привлечени кон селата заради економската криза.

– Сепак, најновиот прилив на Јужнокорејци кон селата е поинаков во суштина, затоа што тие бараат поприродна средина за живеење и ставаат повеќе акцент на квалитетот на животот отколку на висината на платите, велат експертите.

За да привлечат повеќе луѓе да започнат живот на фарма, провинциските влади се натпреваруваат во што попривлечни нови понуди, со кои ќе ја засилат привлечноста на новите домови за градското население. На пример, неколку градови во провинцијата Јужен Гјеонгсанг обезбедуваат „субвенција за доселување“ во висина помеѓу три милиони (2,636 долари) и пет милиони вони.

Јужниот корејски остров и познато одморалиште Џуџу исто дава три милиони вони за купување опрема, заедно со други привлечни понуди до пет милиони вони за реновирање на домови.

Бајео во провинцијата Јужен Чангчеонг, исто дава субвенции во висина од 10 милиони вони за отварање на инфраструктура во земјоделието.

Со тоа понудите кои ги обезбедуваат регионалните влади ги намалуваат финансиските тешкотии на Јужнокорејците кои ќе се одлучат за фармерски живот.

И најголемите јужнокорејски фирми од секторот информации и технологии (ИКТ) исто помагаат во започнување на земјоделска кариера.

Иако одгледувањето житарици сеуште подразбира професионално познавање на оваа проблематика, развивањето на таканаречените „умни фарми“, кои се засновани на користењето на ИТК на фармите, и им олеснува на новодојдените да управуваат со своите фарми.

Овие решенија за умни фарми преку мобилните направи им овозможуваат на фармерите да управуваат со своите фарми, вклучувајќи ги и контролирањето на влажноста и на температурата.

Министерството за земјоделие објави дека локалните фарми кои ги прифатиле технологиите за управување со своите фарми, во просек ги унапредиле своите производства за 25,2 проценти, и профити за 30,6 проценти, а трошоците за работниците се намалени за 9,5 проценти.

Хонг Јанг-ки, истражувач во Агенцијата за рурален развој, вели дека најновите технологии го направило земјоделието полесно од било кога досега.

– Во едно од нашите решенија им обезбедуваме на новите фармери податоци за потребната вода, за потребната сончева светлина и за влажноста, рече Хонг.„Ги собираме податоците од постоечките фарми со најдобра продуктивност, а потоа ги споделуваме со другите фармери. На луѓето им недостасуваат знаење и ноу-хау кога првпат ќе дојдат на фарма. Но со овие ИТК решенија, тие ќе добијат подобри информации како да управуваат со потребното количество вода и со ѓубривата“, додаде Хонг.

И локалните ланци на супермаркети исто учествуваат во сето ова, и им даваат поддршка на новите фармери со прилагодување на нивните мрежи на продажба.

Од Лоте март, кои извезуваат јужнокорејски земјоделски производи во другите азиски држави, вклучувајќи и ориз и јагоди, велат дека планираат да отворат пат за новите фармери за да бидат присутни на што повеќе пазари надвор од земјата.

Ри Чанг-кјун, портпарол во Лоте март, додава дека компанијата исто така ќе ја промовира потрошувачката на локалното производство, и ќе им даде шанса на фармерите и дома и во странство.

Но фармерите велат дека новодојдените ќе мора да минат низ процесот на подготовки пред да се преселат во провинција.

– Многу е важно за потенцијалните фармери подлабоко да ги проучат производите кои сакаат да ги одгледуваат, вели Канг Борам, 25-годишен фармер кој одгледува слатки компири во провинцијата Северна Џеола. Таа веќе три години води своја фарма. „Луѓето си мислат дека земјоделието е лесно. Други пак мислат дека проблемите со кои ќе се соочат ќе можат да се решат само со физичка работа. Таквите погрешни размислувања се дел од причините некои фармери да не успеват на почетокот од својот нов живот“, рече Канг. „И за фармерството е неопходна едукација“.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски