СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пет месеци не може да најде противкандидат на Локвенец

Од:

Кандидатурата на Хари Локвенец за градоначалник на Прилеп, СДСМ со гордост ја објави уште во јуни, оваа година, a ВМРО-ДПМНЕ пет месеци не може да најде негов противкандидат, стои во реакцијата од СДСМ на прес – конференцијата на пратеникот Димитар Стевананџија.

– Фактот што Хари Локвенец е сопственик на фирма 20 години, со исто име и иста жиро сметка, е потврда за неговото чесно работење и неговата успешност. Фирмата „Гинис“ ниту ја приватизирала, ниту ја купила фирмата „Ридтекс“, туку еден објект на оваа фирма и тоа на јавно наддавање, во февруари 2008-ма година!, се вели во реакцијата.

Од СДСМ потенцираат дека во Прилеп и во цела Македонија, Локвенец е вистински човек за градоначалник и прилепчани го препознаваат тоа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски