Петров: Владата и Претседателот да покажат дека имаат стратегија за влез во ЕУ

Од:

„Сакаме да искажеме загрижeност за последните случувања, врзани за евро-интеграциските аспирации на Република Македонија, во пресрет на престојниот Совет на министри на Европската унија на 10-ти декември, каде Македонија се надева на одлука со која ќе и се одреди датум за преговори за влез во Европската унија“, изјави денеска Андреј Петров, Секретар на СДСМ.

Додека сите новопримени членки во Европската унија, за свои најголеми лобисти ги имаа своите соседи, Македонија се доведе во ситација, бројот на соседи кои ни ги поставуваат најголемите пречки за прием на Македонија во Европската Унија, да се зголемува, изјави Петров.

Како изминува времето, рече тој, не само што се зголемува бројот на соседни земји и земји од регионот кои испорачуваат дополнителни услови за нашите европски интеграции, туку вчера бевме сведоци и на нивна координација за заедничко делување за ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија.

„Вчера во Софија, Грција и Бугарија, потпомогнати од Романија, на трилатерална средба донесоа заклучоци, дека заеднички ќе го бранат нивниот интерес, членството и напредокот во евро-интеграциските процеси на Македонија, да биде условено со подобрување на добрососедските односи од наша страна. Додека сето ова се случува, министерот за надворешни работи е во официјална посета на Виетнам, по што се очекува турнејата да ја продолжи во Индонезија. Апсолутно е нејасно како во пресрет на декемврискиот совет на министри на Европската унија, министерот Поповски се одлучи токму таму, на далечниот исток да ги промовира интересите на Република Македонија. Виетнам и Индонезија, ниту се членки на Европската унија, ниту пак имаа дипломатска моќ било како да влијаат на евро-интеграциските процеси на Република Македонија. Од друга страна од премиерот Груевски, повторно слушаме само протоколарни изјави, за тоа дека заслужуваме членство во Европската унија и НАТО, без никаква проактивна иницијатива да се промени посточката состојба и да се забрзаат нашите Евроатлански интеграции. И трето, претседателот Иванов, иако има огромни ингеренции и надлежности во надворешната политика, ама баш на никаков начин ниту е вклучен, ниту покажува било каква иницијатива за одблокирање на евро-итеграциските процеси во пресрет на декемврискиот совет на министри“, изјави Петров.

„Она што недостасува е Владата, заедно со Претседателот, да покажат дека имаат некаква стратегија, дека ги антиципираат сите случувања и дека работата на можноста, во декември сепак да добиеме датум за преговори со Европската унија, што би значело прв чекор во одблокирањето на Европската иднина на Република Македонија“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот