Модна ревија на „Шанел“ во Хавана прва по 1959 година

Од:

Угледната француска модна куќа „Шанел„ организираше модна ревија во Хавана, што претставува прва ваква приредба во Куба по 1 јануари 1959 година и победата на кубанската комунистичка револуција.

Моделите на „Шанел“ дефилираа пред одбраната публика во кубанскиот главен град, меѓу кои и актерот Ван Дизел, иако оваа модна куќа не продава свои производи во Куба.

Обичните Кубанци не може да влезат на ревијата, па тие првата ваква приредба можеа да ја гледаат од далеку, зад оградите, обезбедувани од домашната полиција, што предивика мал револт кај лугето, навикнати досега да може да присуствуваат на сите јавни приредби, врз основата на се уште актуелната доктрина на кубанската власт дека на Куба нема класни и било какви други разлики.

Модната реваија на „Шнел“ е уште еден знак за натамошното затоплување на односите на официјална Хавана со Западот.

На почетокот од оваа недела во Хавана вплови првиот американски крузер, по 50 години пауза, носејќи ги првите гости од Флорида.

Минатата година, САД и Куба ги обновија дипломатските односи, иако остана на сила трговската блокада за овој карибски остров.

Главниот дизајнер на „Шанел“ Карл Лагерфелд изјавил дека новата колекција прикажана во Хавана, е инспирирана од кубанското културно богатство.

Производите на „Шанел“ или на која било друга модна фирма се практично недостапни за Кубанците, чија просечна плата изнесува 25 долари месечно.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски