Белгија почна со примена на законот за одземање документи на осомничени џихадисти

Од:

Од почетокот на годината Белгија почна да го применува законот за одземање на документите за идентификација на осомничени џихадисти, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јамбон.

Досега документите им биле одземени на пет лица. Процедурата предвидува за ваквите случаи најпрво да се произнесе Службата за оценка на заканите, а потоа и Обвинителството. Целта е одземањето на документите да се применува само кога има доволно податоци за криминално дело, како и тоа да не претставува препрека за водење истрага.

Белгиското законодавство од средината на минатата година ги смета за криминални дела патувањата на места, каде се водат вооружени дејствија. Со законот се опфатени патувања во Сирија и Ирак, каде голем број европски граѓани се приклучија во редовите на Исламска држава. Новиот закон беше усвоен по нападите во Париз во јануари минатата година.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски