Вршителот на должноста шефот на Република Чеченија Рамазан Кадиров објави видео снимка од свадбата на својот внук Хамзат Кадиров.
„По милост на севишниот Алах денеска ни е радосен настан. Во родното село Центар се одржува свадба на саканиот внук на првиот претседател на Република Чеченија, херој на Русија Ахмат хаџи Каридов – хафиз Хамзат. Тој е син на постариот брат Зелимхан кој по милост на Алах отиде во светот на праведниците“, напиша Кадиров на друштвената мрежа Вконтакте.