БТА – Софија
Грузија, мала земја со исклучително стратешко значење во невралгичниот регион Јужен Кавказ, останува фатена во прегратката на Русија, но не се откажува од своите амбиции за приклучување кон ЕУ и НАТО. Во еден исклучително сложен геополитички контекст, поранешната советска република се подготвува за парламентарни избори во октомври, кои ќе бидат од големо значење за нејзината иднина.
Речиси една деценија по петдневната војна со Русија во август 2008, се уште нема изгледи Грузија, преку која минуваат или постојат планови да се изградат клучни енергетски траси, да ја востанови својата територијална целовитост. Напротив, споровите со двете грузиски сепаратистички области, поддржувани од Москва, Јужна Осетија и Абхазија, се претворија во редица замрзнати конфликти во постоветскиот простор без било какви и да се перспективите за скорешно средување на ситуацијата.
Јужна Осетија дури планира и да организира до август референдум за приклучување кон Руската федерација. Во интервју дадено за ТАСС на 11 април, претседателот на самопрогласената република Леонид Тибилов, изрази стопроцентна увереност дека „народот ќе каже да“.
Во меѓувреме, поддршката во Грузија за членство во ЕУ и НАТО останува висока, и покрај извесното разочарување од забавувањето на процесот за приклучување. Според различни истражувања на јавното мислење, скоро две третини од Грузијците, или помеѓу 61 и 66 проценти, ја поддржуваат евроатланската интеграција на земјата. Но патот кон ЕУ и НАТО изгледа многу долг, комплициран и посеан со пречки.
Во јуни 2014, заради конфликтот во Украина предизвикан од одбивањето во ноември претходната година на прорускиот претседател Виктор Јанукович да склучи договор за асоцијација со Европската Унија, Грузија потпиша таков договор. Во теорија тоа ја доближува со едната нога кон членство во ЕУ. Но во пракса во овој сложен момент за Европската Унија, заради бранот од бегалци, и исправени пред перспективата Велика Британија да напушти, и мачејќи се да го дефинира својот иден облик, ЕУ не дава никакви ветувања за скорешното присоединување на Грузија.
Тоа во полна мера важи и за НАТО. Не се очекува алијансата да и предложи на Грузија Акционен план за членство – важна етапа од процесот на приклучување – на средбата на врвот која ќе се одржи во јули во Варшава. НАТО не е подготвен на таков чекор заради зенитот на затегнатости во Источна Европа со Русија по крајот на Студената војна и опасностите за некои од сојузниците од дополнително заострување на односите со Москва.
Шефот на делегацијата на Европската Унија во Грузија, Јанош Херман, потенцира дека земјата е понапред од Украина и Молдавија на патот кон ЕУ: Грузија се радува на потребната стабилност, на демократското управување и општествените прилики кои се прозападни, додека во другите две поранешни советски републики на сила се само еден или два од тие фактори, аргументира тој. „Европската Унија има многу силно присуство во Грузија“, истакна унгарскиот дипломат, но призна дека „можеме само да се надеваме“ што се однесува до перспективите за членство. Тој го дефинира потпишаниот договор за асоцијација, што вклучува и зона за слободна трговија, како „компромисна територија“.
ЕУ е трговски партнер број еден на кавкаската држава, со учество од над една четвртина или 26,1 проценти од нејзината стокова размена, посочуваат податоци од Европската служба за надворешни работи. Во моментов унијата учествува во повеќе од 100 проекти во Грузија, и предвидено е на поранешната советска република да и додели помеѓу 335 и 410 милиони евра во периодот 2014-2017 година.
– Русија е многу длабоко ангажирана во Јужен Кавказ, истовремено подвлекува пратеникот Херман. Тој уверува дека ЕУ нема да ја изостави Грузија.
Работите се комплицираат од активната дејност на Турција која е трговски партнер број еден на кавкаската држава меѓу државите од регионот, дури и пред Азербејџан. На трето место е Кина која и дава важно место на Грузија во својот економски проект „Патот на свилата“, изјави преиерот Гиорги Квирикашвили.
– Ние не се сомневаме во нашиот европски идентитет… но не сме задоволни од темпото на приклучување, ја изложи накратко позицијата на грузиското раководство министерката за одбрана Тинатин Хидашели. Таа подвлече дека доделувањето безвизен режим за Грузијците е еден од најважните начини ЕУ да докаже дека помага.
Како одговор на прашањето каква порака сака да биде испратена за Грузија на средбата на врвот на НАТО летово, првата жена министер за одбрана во историјата на државата беше уште полаконски: „Членство!“ И дополни: „Сакаме да сме дел од тој систем за безбедност, како што се Бугарија, Романија и Турција“.
Грузискиот министер за европска и евроатланска интегација, Давид Баркаѕе, дополни: „Се надеваме дека ќе ги зачуваме прагматичните односи со Русија, но продолжуваме по патот кон ЕУ и НАТО“.
Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили прогнозира „светла иднина“ за земјата, ако таа има „доволно стабилност“. Западните аспирации на Грузија не се насочени против Русија, подвлече Квирикашвили, еден од главните политички сојузници на милијардерот Бидзина Иванишвили.
Како некој кој го создал своето богатство во Руската федерација, Иванишвили е „силниот човек“ на чело на владејачката коалиција Грузиски сон, иако формално нема никаква раководна политичка позиција. На парламентарните избори во 2012, Грузиски сон го победи Обединетото национално движење на Михали Саакашвили, и вети дека ќе го задржи курсот на Грузија кон членство во ЕУ и НАТО, но да ги подобри односите со Русија, со која тогашниот претседател војуваше во 2008, и продолжуваше и понатаму да биде во кавга.
Во разговор со новинари, неговиот наследник на позицијата, Гиорги Маргвелашвили, близок сојузник на Бидзина Иванишвили, се изјасни за подобрување на односите со Москва, но и за категорично останување на курсот кон ЕУ и НАТО.
– Украина даде многу одговри, изјави лаконски Тинатин Хидашели, визирајќи ја политиката на Москва во постсоветскиот простор. Таа ја дефинираше војната во 2008 како логично продолжување на конфликтите во Јужна Осетија и Абхазија во 90-ите години од минатиот век, и ја обвини Москва дека продолжува со провокациите. Руски воен хеликоптер цели 28 минути го нарушуваше воздушниот простор на Грузија токму во времето на средбата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со грузиските војници за време на неговата посета во земјата во јули минатата година, ги наведе како пример хидашели од Републиканската партија, дел од владејачката коалиција. Истовремено таа призна дека решениот за конфликтите во Јужна Осетија и Абхазија минува преку соработка со Русија.
Грузиската министерка за одбрана која има репутација на една од најзападните политичари во земјата, изрази вознемиреност дека на изборите во октомври првпат се очекува да влезат во парламентот проруски формации. Таа предвидува дека Патриотска алијанса и партијата на поранешниот претседател на парламентот Нино Бурџанаѕе, Демократско движење – Обединета Русија.
– Се надевам дека претстојните избори ќе се претворат во своевиден референдум во поддршка на европскиот пат на Грузија, изјави по тој повод Давид Бакраѕе, кој е независен. Тој истакнува дека грузиското раководство дава пари за различни медиумски кампањи во поддршка на евроатланските интеграции, но и дека руската страна го прави истото за да го популаризира Евроазискиот економски сојуз.
– Некои Грузијци претпочитаат дека иницираното од Москва обединување во постоветскиот простор, не од политички, туку од практични побуди – е перспективата за слободна трговија и движење, објасни Бакраѕе. Тој упати на неодамна спроведеното истражување на јавното мислење поддршката за Евроазискиот сојуз се намалила од 31 на 24 проценти, додека над 60 отсто од Грузијците ја поддржуваат евроатланската интеграција.
– Изборите во октомври ќе бидат многу важни за нашата иднина и за перспективите за приклучување кон ЕУ и НАТО, подвлече премиерот Квирикашвили. Тој ги наброја од неговата влада спроведените сеопфатни реформи со цел модернизирање на Грузија и исполнување на криериумите за членство во Европската Унија. Тие вклучуваат реформи во високото образование за да е поадектавно на потребите на пазарот на трудот, подобрување на економската околина, вклучувајќи и намалување на даноците по естонски модел, оптимизирање на администрацијата, борба со корупцијата и градење на ефикасен судски систем.
Безвизнот режим со ЕУ е најважната задача пред грузиското раководство на краток рок, а членството во блокот – приоритет број еден, заокружи Квирикашвили. Тој подвлече дека дека за таа цел, но и за еконосмкиот развој, Грузија има потреба од стабилност.
Но Русија продолжува да ги зацврстува односите со грузиските сепаратистички области, Квирикашвили изрази сожалување и лаконски праша: „Јужна Осетија подготвува референдум за независност, не е ли тоа притисок?“
Претставници на Набљудувачката мисија на Европската Унија во Грузија ја критикуваа Руската федерација дека не ги исполнува своите задолженија по договорот за сопрање на огнот од август 2008 година, и поконкретно дека не ги повлекле своите војски до линиите од пред почетокот на војната. На службениците на мисијата, втората најголема на ЕУ по таа на Косово, никогаш не им бил дозволен влезот во Јужна Осетија и Абхазија.
Во статија од 3 април, американското списание Политико напиша дека јужноосетиските ојници и нивните руски сојузници „ја преместуваат“ административната гранична линија меѓу Грузија и сепаратистичката област веројатно на основа на карта на генералштабот на советската армија од 1984 година. Во последниве месеци, десетици хектари грузиска земјоделска земја „осамнале“ во Јужна Осетија, според европските набљудувачи.
Особено под знак прашалник е ставањето под контрола на јужноосетиските сепаратистичките власти на мал дел од нафтоводот Баку-Супеа. Симболичниот чин заради амбициите на Грузија да се претвори во важен транзитен коридор на пренос на нафта гас од Азербејџан и Туркменистан кон Европа. Инаку, по нафтоводот со кој стопанисува британската нафтена комоанија Бритиш петролеум, продолжува да тече азербејџанска нафта до терминалот во грузиското крајбрежје на Црното Море.
Преместувањето на граничниот знак од јужноосетиските власти на југ кон нафтоводот е само недвојбена порака кон владата во Тбилиси, но и отвора загатка дека во Јужна Осетија нема да биде мирно и во следните години. Непосреден доказ тоа е најтешката ескалација на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах, од постигнувањето на договорот за прекин на огнот во 1994 година.
Во момент кога оставите на енергенси се претвораат во се позначаен за опстанокот фактор за развој и влијание, во една исклучително комплицирана и затегната меѓународна ситуација, стратешкиот регион во кој се испреплетуваат интересите на Русија, Турција, Европската Унија САД, ќе продолжи да биде арена на геополитичка војна.