Петнаесет години од масакрот кај Вејце

Од:

Денеска се навршуваат 15 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје. При посетата на касарната Јолевски и Величковски  ќе присуствуваат и на дел од редовната обука која ја изведуваат припадниците на оваа најелитна единица на АРМ.

Ќе биде положено цвеќе и на останатите спомен обележја за бранителите од страна на семејствата, делегации на институции и здруженија на граѓани.

Во заседата кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.

Би можело да ве интересира

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Катерина Ѓуровски

Одбележани 22 години од масакрот кај Вејце, оддадена почит на загинатите

Ана Ололовска

Оддадена почит на загинатите припадници на Армијата во Вејце

Ана Ололовска

Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Вејце

Ана Ололовска

18 години од масакрот кај Вејце во кој загинаа осуммина бранители

Маја Илиевска-Пачемска

Пожар во плевна во Вејце, оштетени и два автомобила

Наум Локоски