(ВИДЕО) Шилегов: Чавков снимај, сега пак ќе фрламе боја

Од:

Од ова место пред неколку дена беше побарано да бидеме забранети и сотрени, но нема да не сотрете, нема тоа ви го дозволиме, порача Петре Шилегов од пред Собранието на Македонија.

-Ние никогаш нема да побараме забрана на ВМРО-ДПМНЕ, свесни сме дека Македонија не е заложник на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сто криминалци во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Повикувувајте го секој граѓанин да се приклулчи, сите ни се потребни зошто само шарена Македонија е онаа која ние ја посакуваме, и за која се бориме.

Вие што побаравте наша забрана, ќе ве испратиме онаму каде што ви е местото, во црната дупка на македонската историја, рече Шилегов.

Ние нудиме шаренило, еднаквост за сите, за Македонија во која сите ќе одговараме за своите дела пред законот, секој што згрешил ќе мора да одговара, рече Шилегов.

Тој упати порака и до Митко Чавков.

-Продолжете да снимате, не не плашите со вашето снимање, вие ја снимате новата историја на Македонија, со која ќе се гордееме сите, порача Шилегов и повика на секојдневни протести.

-Секој ден ќе ви фрламе, сега одиме пред Министерството за надворешни работи а потоа пред Влада, дојди Никола, порача Шилегов.

Тој кажа дека ниту дожд ниту ништо нема да ги спреи протестите и порача дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде диктаторска држава.

Би можело да ве интересира

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски