Нереди на протестот на Пегида во Антверпен

Од:

Повеќе стотици приврзаници на антиисламското движење Пегида протестираа во центарот на Антверпен на северот на Белгија, барајќи затворање на границите за мигранти и забрана на исламот, јави Танјуг.

„Раша тудеј“ пренесува дека едно лице е уапсено поради нацистички поздрав кога приврзаници на Пегида се судриле со припадници на полицијата.

Тие бараа затворање на границите по нападите во Брисел на 22 март. Собирот главно помина мирно, освен што на крајот на протестите дошло до помала физичка пресметка.

При тоа е искршено стакло на излог, пренесуваат белгиските медиуми. Многу демонстранти носеле фламански знамиња.

Недалеку оттдаму, десетици луѓе одржале контрамитинг на кој апелирале на поголема солидарност.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски