Њујорк бара 30 милијарди долари од Вашингтон зa обнова

Од:

Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо побара од федералната влада во Вашингтон 30 милијарди долари за реконструкција на она што е уништено и срушено во налетот на ураганот Сенди, пишува “Њујорк тајмс”.

Во деталниот список, кој е испратен во Вашингтон, се бараат 3,50 милијарди долари за реконструкција на мостови, тунели, метрото и надземната железница, а 1,65 милијарди долари за реконструкција на куќи и згради уништени во невремето.

Милијарди долари се потребни за надомест на локалните власти за трошоците на прекувремена работа на полицијата, пожарникарите и другите екипи за вонредни операции.


Неколку милијарди долари во заеми и грантови од федерално ниво ќе бидат потребни за да заживеат погодените фабрики.

Се проценува дека штетата од ураганот Сенди ќе надмине 50 милијарди долари со што поскап ќе биде само ураганот Катрина од 2005 година, што го погоди Њу Орлеанс и кога штетата изнесуваше 145 милијарди долари.

Федералните власти тогаш му помогнаа на погоденото подрачје со 110 милијарди долари.

Американскиот претседател Барак Обама ќе го посети Њујорк во четврток за да го види напредокот во обновување на градот, каде што 125.000 луѓе се уште се без електрична енергија, а многу бензински пумпи се уште се затворени.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас