ВМРО-НП: Нема да учествуваме на предвремените Парламентарни Избори на 5. јуни

Од:

„ВМРО-Народна партија ги анализираше сите настани поврзани со состојбите околу предвремените Парламентарни Избори закажани за 5 јуни.

ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите согласно препораките на меѓународната заедница кои од нас  беа безрезервно прифатени.

Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорѓи Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Пржинскиот договор, предизвика жестоки реакции и на внатрешно политички план и на меѓународната заедница. Оваа одлука ја избриша демократијата во Р.Македонија, нанесувајќи огромна штета на севкупните политички процеси во земјата, а со тоа ги уништи до темел односите со ЕУ и НАТО, предизвикувајќи голема разочараност кај нив.

ВМРО-Народна партија заради ова, одлучи да не учествува на предвремените Парламентарни Избори закажани за 5 јуни 2016 година.

ВМРО-Народна партија соопштува дека принципиелно нема да се приклони кон ниту една политичка партија, ниту пак има намера да потпишува декларации понудени од било која страна.

ВМРО-Народна партија останува самостоен, независен и суверен политички субјект со препознатлива програма и идеологија што ја разликува од сите останати политички партии во Р.Македонија“, соопштуваат од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска