Македонската женска репрезентација до 16 години ќе биде дел од развојниот турнир на УЕФА кој Фудбалската федерација на Македонија го организира во Скопје од денеска до 27 април.
На терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“, покрај нашата кадетска репрезентација, учествуваат и репрезентациите на Казахстан, Украина и Луксембург.
Репрезентацијата на Македонија ја предводи селекторот Тоше Нацев, а првиот натпревар го игра денеска од 16 часот против Казахстан.
Турнирот го отвораат Украина и Луксембург претпладнево од 11 часот.